Причината поради која што Меркел е човекот на годината

Германската канцеларка Ангела Меркел е човек на годината според рангирањето на престижното списание Time. Според изданието таа е највлијателен политички лидер во Европа.

merkel

Еве како изданието ги објаснува причините за изборот

“Германската Демократска Република, каде што израснала Меркел не била ниту демократска ниту Република, туку хорор шоу. Срамежливата ќерка на Лутерански свештеник, Ангела ја искористила приликата во политиката во 90-тите година на минатиот век, кога источните се уште биле гледани како странци во западниот свет. Токму поради своето родно место сепак Меркел има различна политичка визија за слободата и за ризиците кои луѓето ги преземат во нејзино име.

Во 2015 година имаше барем три причини да се прашуваме дали ќе продолжи Европа да постои во сегашниот изглед – грчката должничка криза, бегалскиот бран и атентатите во Париз. И трите пати Меркел покажа карактер. Германија помогна за решавање на грчката криза под строги услови, ги прифати бегалците како жртви на радикалниот ислам, а не како негови носители, одлучи да испрати војници за да се борат против “Исламска држава”.

Канцеларката протурка во општеството вредности како човечност, великодушност, толеранција, за да покаже дека силата на Германија може да биде употребена за изградба, не за рушење. Во денешно време е реткост да видиме лидер кој го менува националниот идентитет на земјата.

Ќерката на свештеникот го држи милосрдието како оружје. Можете да се согласувате со неа или не, но факт е дека Меркел не го избира полесниот пат. Вистинските лидери си забележуваат кога луѓето не сакаат да ги следат. За тоа таа побара повеќе од државата отколку што повеќето политичари би се осмелиле; за тоа што и се спротивстави на тиранијата; за тоа што е морален раководител во свет во кој моралот е трпението – Ангела Меркел е Човек на годината “.

- Реклама -