Путиновото правило за борба

Главното правило на Путин во надворешната политика, кое го воспоставил уште како дете на улиците на Ленинград гласи: „Ако борбата е неизбежна, удри прв“, пишува коментаторот на италијанскиот Џорналеа, пренесува Спутник.

Без оглед на тоа што на теориторијата на Русија живеат претставници од различна вероисповед, вклучувајќи муслимани, рускиот птетседател наоѓа рамнотежа која ја исклучува можноста за религиозни судири во земјата.

500838_putin01reutersfoto-reuters_f

– Тоа е вистинскиот Путин – од една страна се бори против терористите на Исламската држава, а од друга страна ја отвора најголемата џамија во Европа. Во еден од своите говори Путин ја истакна разликата меѓу Исламот и тероризмот, изјавувајќи дека Исламската држава ја компромитира исламската религиска идеологија заснована на лаги, пишува аналитичарот на Џорналеа.

Тој исто така нагласува дека рускиот претседател ја почитува историјата и традицијата во која христијанската религија зазема централно место во срцето на рускиот човек поради што ја поддржува Руската православна црква.

– Не треба да се потценува ниту сојузот меѓу Путин и римскиот папа Франциск – тие се сретнаа два пати и предизвикаа сериозна загриженост кај американскиот претседател Барак Обама, пишува аналитичарот.

Сепак, во борбата против џихадистите, Путин настапува одлучно.

– Правилото на Путин „нападни прв ако борбата е неизбежна“ прави од него доверлив сојузник во очите на Башар ал Асад, претседателот на Сирија и придонесува за дијалогот со опозициските сили во Сирија, смета аналитичарот.

- Реклама -