Валенсија го избра новиот тренер, Гери Невил

gary-n

Верувале или не, Гери Невил за прв пат во својата кариера стана тренер, и тоа ни помалку ни повеќе, на Валенсија.

Покрај соработката со Рој Хоџсон во англиската репрезентација, како помошник тренер и анализирањето на фудбалските напревари на Скај Спорт, Невил нема тренерско искуство.

Сепак челниците на Валенсија се одлучија токму за легендата на црвените ѓаволи.

Покрај тоа, тој ќе го води клубот заедно со својот брат, Фил Невил, кој досега му беше помошник тренер на Нуњо.

Гери Невил изрази огромно задоволство  од укажаната шанса, вети дека максимално ќе се ѝ се посвети на новата работна функција и им се заблагодари на челниците што му ја дадоа довербата.

- Реклама -