Убиецот на војниците во БиХ се самоубил – бил вахабист

Напаѓачот кој уби двајца босански војници се самоуби откако полицијата го опкружи неговиот дом во предградието на Сараево.

Напаѓачот, идентификуван како Енеш Омерадич, со автоматско оружје крај касарна во соседството Ражловац, уби двајца војници.

Бегајќи од местото на пукањето тој пукнал и во патнички автобус, повредувајќи трет војник. Возачот и двајцата патници се повредени од искршените стакла, соопштуваат од полицијата. Потоа убиецот се самоубил со активирање на експлозив.

“Пукањето на војникот е пукање на Босна и Херцеговина. Безбедноста ќе биде зголемена до највисоко ниво, за да се спречат вакви инциденти во иднина “, истакна премиерот Денис Звиздич по итна седница на владата.

Инцидентот прерасна во терористички напад

Српски „Блиц“ коментира дека се работи за Вахабист.Според изданието Омерагич бил член на салафитско движење. Сведоци тврделе дека при ескплозијата извикал “Алах акбар”.

Двајцата убиени војници

Убиените војници се идентификувани како 26-годишниот Армин Салкиќ и 34-годишниот Недељко Радиќ, Бошњак и Србин. Двајцата биле возачи во единицата на воената полиција стационирана во касарната во Рајловац.

војник1 војник2

- Реклама -