Најчестите грешки при купување на нов смартфон

Една од последиците на постоење на море од избор при купување на нов смартфон е што можете многу лесно да застраните во потрагата и да преземете погрешна одлука.

920x1240[1]Еве некои од главните грешки кои просечниот корисник ги прави при купувањето на „смарт“ уредите.

1. Купувате паметен телефон кој не одговара на вашите потреби или можности
Главната грешка може да се сведе на купување на уред што нема да ви врши работа. Можеби батеријата ќе е послаба од потребната или нема да ви биде идеална големината на екранот, можеби ќе ве изненади неможноста на телефонот за нормална работа со неколку прозорци, недоволна внатрешна меморија и сл. – најважно е да се уверите дека смартфонот одговара на вашите потреби и можности.

2. Купувате модел непосредно пред да излезе понов
Веќе е добро познат временскиот интервал на кој производителите ги обновуваат водечките модели. Не избрзувајте со одлуки, особено ако наближува моментот за пуштање на нов модел на пазарот. Новиот модел значи автоматско поевтинување на стариот модел, а разликата во цената се движи од 20 до 40% (во зависност од политиката на производителот). Колку потрпеливи сте во чекањето, толку поголем попуст ќе уживате при купувањето. Студиите покажуваат дека најголемо е намалувањето на цената на старите модели по шест месеци (и подоцна), по излегувањето на новиот модел.

Кога Apple го претстави новиот модел iPhone 6S, цената на стариот модел инстантно се намали за 100 долари. Во април, кога излезе новиот модел на Samsung – Galaxy S6, цената на Galaxy S5 се намали за 200 долари.

3. Kупување на модел со премалку внатрешна меморија без можност за надградување со мемориска картичка
Може да мислите дека нема да користите смартфонот за слики, снимање на видео, игри, многу апликации, слушање музика и слично, но ако со текот на времето си ги промените плановите, внатрешната меморија може да се покаже како голема пречка. Ова особено важи за некои од основните модели кои располагаат со едвај 16 GB меморија, без можност за проширување – на пример основниот модел iPhone 6S на Apple. Без слот за проширување на меморијата се  и некои од новите модели на Samsung, како и на други водечки производители.

4. Смартфонот не ви овозможува пристап до некои од популарните апликации кои планирате да ги користите
Оперативните системи на Apple и Android даваат пристап до речиси сите апликации. Сé уште има апликации достапни само за еден од двата оперативни система, како и апликации кои не можат да бидат симнати на други оперативни системи, како Windows или BlackBerry 10. Добро размислете пред да донесете одлука.

5. Купување акцесоари од официјални увозници
Ако купите смартфон од официјалниот увозник на одредена марка, најверојатно ќе ви бидат понудени и многу додатоци од секундарна важност, наменети токму за вашиот модел. Праксата покажува дека обично, овие додатоци се со далеку повисоки цени во споредба со оние на специјализираните продавници за опрема, каде што ќе можете да најдете речиси сé она што ви треба. Не избрзувајте со купување на додатоците.

6. Купувате скапо осигурување или продолжена гаранција
Секому му е познат моментот кога ќе ви испадне телефонот од рацете или ќе му се случи некаква несреќа. Сепак, покривањето на овој ризик е многу скапо – чини речиси исто со тоа да го промените екранот во некој сервис. Дополнително, таквиот непријатен настан може и да не се случи. Статистиката покажува дека продолжената гаранција е една од нештата на кои корисниците ретко се потпираат и најчесто останува неискористена.

- Реклама -