Во Египет започна дешифрирање на црните кутии

Во Египет започна дешифрирање на црните кутии на летот KGL9268.

Инспекторите започнаа со истражувањето на црните кутии на урнатиот руски патнички авион во Египет, при што загинаа сите 224 лица, соопштија од египетското Министерство за воздухопловство.

Дешифрирањето на црните кутии опфаќа снимки од екипажот, како и податоци за летот.

Изготвувањето на извештајот за несреќата на рускиот патнички авион во Египет ќе потрае од една до четири недели и ќе зависи од црните кутии, изјави официјалниот претставник на египетската влада Хусам ал-Кавиш.

- Реклама -