Цеск верува во Мурињо

mourinho-fabregas_3290723b

Цеск Фабрегас демантираше дека изјавил „подобро би губел, отколку да победувам за Жозе Мурињо“.

Изминатиот викенд се појави вест во која наводно анонимен фудбалер од Челзи потенцира дека не е задоволен со односот на Мурињо и дека попрво би го изгубил натпреварот, отколку да победува за Мурињо. Сите го вперија прстот кон Фабрегас.

Цеск ја демантираше оваа вест на социјалните мрежи:

”Спротивно од пишувањата на некои веб портали, јас сум многу среќен во Челзи и имам одличен однос со менаџерот.”

”Можеби постојат индивидуалци од надвор кои што се обидуваат да го дестабилизираат овој клуб, но силно верувам дека ќе се вратиме и повторно ќе бидеме добро.”

Челзи утре се среќава со Динамо Киев во Лигата на Шампионите.

- Реклама -