Последиците од земјотресот во Авганистан

Бројот на жртвите од вчерашниот земјотрес во Авганистан и Пакистан достигна 311 лица, пренесуваат агенциите.

zemjotres4
Во Пакистан загинаа најмалку 228 лица, а 1.000 лица биле повредени. Властите на Авганистан соопштија за 33 жртви и повеќе од 200 повредени. Пријавени се и двајца повредени во индиската држава Кашмир.

zemjotres1

Во Авганистанската провинција Бадахшан се уништени десетици куќи.

zemjotres6 zemjotres7

Силни потреси се почувствувале во главниот град Кабул – многу згради останале без електрична енергија, а веднаш по земјотресот прекинала телефонската врска. Можно е бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи се уште нема податоци за изолираните области.

zemjotres8 zemjotres3

Епицентарот на земјотресот бил во планината Хиндукуш.

zemjotres5

 

- Реклама -