Доказ дека животните имаат души

Животните знаат да покажат многу сочувство, љубов, храброст и снаодливост. Овие неверојатни примери се доказ за нивната неверојатна длабочина.

1. Папагалот со значајни последни зборови

Африканскиот сив папагал Алекс знаел да брои и можел да препознава бои и имал неверојатно пријателство со Ајрин Пеперберг. Пред неговата смрт во 2007 година неговите последни зборови за неа биле: „Биди добра. Те сакам.“

2. Горилото Коко реагира на тажна сцена во нејзиниот омилен филм

{youtube}EWxCM6llL60{/youtube}

3. Кучиња водичи кои ги спасиле своите сопственици на 11 септември

Кучињата Солти и Розел добиле Dickin Medal „За нивната лојалност кон нивните слепи сопственици, храбро водејќи ги повеќе од 70 ката за да ги спасат за време на терористичкиот напад на 11 септември 2001 во Њујорк.

4. Белуга китот кој спасил нуркач

Кога Јанг Јун добила грч нуркајќи до дното на арктички базен, таа не можела да мрда. „Почнав да се давам и потонав уште подлабоко и мислев дека ќе умрам. Тогаш почувствував огромна сила како ме турка кон површината.“ Белуга китот Мила видела што се случило и тргнала да помогне, носејќи ја Јун до површината.

5. Шимпанзата кои тагуваат за умрениот пријател

Во центар за спасување на Шимпанза во Камерун, шимпанзото Дороти умрела од срцев удар. Она што се случило потоа било неверојатно – сите нејзини пријатели се прегрнале во солидарност и тивко набљудувале додека нивната пријателка била закопана.

6. Горилото кое го памти својот стар пријател

{youtube}FZ-bJFVJ2P0{/youtube}

7. Неверојатната приказна за лавот Кристијан

{youtube}btuxO-C2IzE{/youtube}

8.Германскиот овчар кој му помага на слеп кокер шпаниел

Кога слепиот шпаниел Ели била посвоена од Џин Спенсер таа најверојатно не очекувала дека едно од другите кучиња, Лео, би решил да ѝ помага како куче водич. „Ги водам на прошетки во паркот и Лео секгоаш ја води Ели наоколу“ вели Спенсер. „Тој ја штити и ги чува поагресивните кучиња на страна.“

9. Рибите користат алатки

Во 2011 еден професионален нуркач фотографирал риба која удира школка од камен за да стигне до внатрешноста.

- Реклама -