Ако и вие вака се чувствувате, не сте сами. 40 проценти од паровите рекле дека оваа година имаат значително помалку секс од претходните. Анкетата е спроведена од британската компанија VoucherCodesPro.
Како што пишува Daily Mail, „црните денови за сексот“ се резултат на притисокот на модерниот живот, а главен виновник е преоптовареноста со работа. Паровите наведуваат дека имаат помалку секс заради финансиските грижи, се подолгиот работен ден и недостатокот на слободно време.
29 проценти од паровите велат дека од сексот ги одвраќа активниот друштвен живот, но и кавгите околу секојдневните проблеми и стресот што произлегува од нив. „Луѓето денес се загрижени за сите аспекти од својот живот. Наивно е да се очекува дека тоа нема да се одрази и на состојбите во креветот“, се вели во истражувањето.
Според научниците, недостатокот на секс се должи и на генералниот недостаток на блискост, па партнерите стануваат се подалечни.