Сливата, пурпурна кралица

 

plums-02Таа е незаобиколен избор на секоја домаќинка во подготовката на зимница, а освен тоа што најчесто се користи за подготвување на мармалад. Секако, пожелно е да се јаде и свежа бидејќи содржи витамин Ц (5 до 8мг. на 100г. во зависност од тоа за кој вид се работи), витамин Б6,бакар, витамин Б2, витамин Б3, Витамин К, магнезиум, железо, калциум и дури 240мг. калиум на 100г. Сливата изобилува со влакна, 2г. на 100г., а притоа е и нискокалорично овошје.

Направените истражувања докажале дека сливата ги зајакнува коските, го намалува ризикот од заболување од карцином на дебелото црево, но и дека со консумација на 12 сливи со просечна големина на ден во текот на два месеци таа го намалува нивото на лошиот холестерол.

plum

Тука не престануваат благодетите на оваа „кралица“. Едно истражување вели дека доколку консумирате по 12-тина суви сливи на ден (или околу 100 г.), за време од три месеци, значително ќе се зголемат маркерите во крвта кои покажуваат зголемена густина на коските.

1211939475765

Хидрикси-фенил изатинот е еден од состојките на сливата поради кој ова овошје има лаксативен учинок. Му помагаат и сорбитолот  и фенолите како и растителните влакна. 25 грама суви сливи, што е еквивалент на три сливи во просек, ќе ни обезбеди  5 насто од потребниот дневен внес на влакна.

- Реклама -