Норвежаните и проблемот со пластичните кеси

Норвежаните не сакаат да се откажат од употребата на пластичните кеси и покрај притисоците од страна на Европската Унија.

Како што пишуваат норвешките медиуми, Норвешка би можела да го отфрли новиот закон на ЕУ чија цел е да се преполови употребата на пластични кеси, бидејќи како што се наведува, граѓаните на земјата користат пластични кеси за отпад.

Агенцијата за заштита на животната средина на Норвешка бара од властите на овие скандинавски земји да не го прифаќаат законот на ЕУ, додавајќи дека Норвежаните, како и поголем дел од Европјаните, не ги фрлаат пластичните кеси и со тоа не ја загадуваат околината.

Најновата директива на ЕУ, чија што цел е намалување на отпадот, ги обврзува земјите да ја преполоват употребата на пластичните кеси до 2019 година.

Иако Норвешка не е членка на ЕУ, земјата е обврзана да прифати одредени закони на ЕУ, бидејќи е дел од Европската економска зона (EEA).

- Реклама -