Есенска енергетска бомба

Започнете го денот со оваа волшебна напивка.

Вистинска енергетска бомба која ќе ве расони и ќе ви ги обезбеди сите потребни минерали и витамини за добро функционирање во текот на работниот ден. Сокот од цвекло содржи компоненти кои го подобруваат крвотокот, помагаа во регулирањето на крвниот притисок, телото подобро реагира на физичките вежби, така што го балансира кислородот и ја зголемува енергијата и физичката сила кои се потребни за вежбањето. Овој сок е еден од најбогатите избори на антиоксиданти и нитрати. Нитратите се познати по тоа што го подобруваат крвотокот во целото тело – вклучувајќи ги главата, срцето и мускулите.

napivki

Цвеклото добро влијае и врз нарушениот менструален циклус, климактеричните тегоби и ревматизамот. Одлично го прочистува организмот од отровни материи.

Ако сте омалаксани, изморени и имате лоша крвна слика време е за овој рецепт за кој потребни ви се:

3 парчиња цвекло
1 јаболкo
1 крушка
малку ѓумбир

Сите состојки ставете ги во соковник и почекајте да добиете изедначена смеса. Потоа, само уживајте!

- Реклама -