Струја од шумот на авионите

Научниците бараат начин за добивање на струја од шумот на авионите…

avioni-struja-energijaСоработници на компанијата “Боинг”, водечки американски производител на воздухопловната, вселенска и воена техника, пронашле начин да го користат метежот на млазните мотори на авионите. Тој може да биде конвертиран во електрична енергија, соопшти Darik News.

„Акустичната енергија од полетувањето и слетувањето на авионите се расејува низ воздухот и со тоа е изгубен еден ресурс за човекот”, пишува инженерот Чин Тох.

Изумителот предлага патеките за полетување и слетување да бидат обновени, со тоа што ќе им бидат монтирани уреди за собирање на акустични бранови. Тие ќе ги собираат и фокусираат звуците (т.е. вибрациите) од моторите. Потоа вибрациската енергија ќе се конвертира во проток воздух кој ќе биде управуван од ротациона машина. Струјата произведена од такви машини, ќе се собира во неколку трафостаници.

- Реклама -