Фотографии од Месечината (видео)

МесечинаNASA ослободила детални фотографии од локациите на кои астронаутите слетале на Месечината со надеж дека на овој начин најпосле ќе ги запрат теориите на заговор. Тие велат дека Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) неодамна ги направил некои од најјасните фотографии направени од местата на кои слетале Аполо 12r, 14 и 17. 

За да го постигне ова LRO ја намалил висината на својата орбита од нормалните 50 километри на само 25 километри над површината на месечината. Во фотографиите дури се гледаат и трагите оставени од астронаутите во нивното истражување на Месечината во шеесетите и седумдесетите.

{youtube}yi1WoZzeXWs{/youtube}

- Реклама -