Сладоледот е добар за здравјето

Омиленото летно освежување на сите генерации, сладолед, е корисен за здравјето на човекот. Ова било заклучено во најновите научни истражувања.

Доколку млекото или слатката павлака се основни суровини во сладоледот, тогаш тој е исклучително здрав бидејќи содржи многу калциум но и витамини од групата Б и А. Потребата за калциум во текот на денот е висока, до 1 мг дневно, но потребата кај децата и трудниците во текот на денот е речиси двојно поголема.

Сладоледот содржи шеќер и млечни масти, па е корисен во одржување на телесната тежина. Многумина сметат дека сладоледот влијае на покачување на телесната тежина, но многу научници го докажале спротивното.

Калциумот е тој што ја намалува калориската вредност на сладоледот. 100 грама сладолед просечно содржат од 125 до 300 калории во зависност од составот – што не може да се смета дека е висока калорична вредност.

Сладоледот кој е на база на овошје содржи антиоксиданси и витамини и е одличен рехидратор и разладувач на топлото време, додека сладоледите кои содржат зрна од кафе и какао се одлични извори на полифеноли кои ги заштитуваат срцето и крвните садови.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -