Шпанија – младински фудбалски првак на Европа (видео)

Младата фудбалска репрезентација на Шпанија до 19 години го освои Европското првенство што се одржа во Естонија, победувајќи ја Грција во финалниот меч со 1:0.

Ова само покажува дека шпанскиот фудбал доминира речиси во сите категории и Чави, Иниеста, Торес, Фабрегас, имаат свои достојни наследници кои за неколку години ќе го продолжат континуитетот.

Стрелец на победоносниот гол за младата селекција на „Црвената фурија“ беше Родригез во 80. минута од средбата. Оваа победа ја донесе шестата титула за Шпанија во оваа категорија на фудбалери.

{youtube}fFsaIqDyxp0{/youtube}

Финалето всушност беше реприза од 2007 година, кога исто така се сретнаа Шпанија и Грција. Во полуфиналето, Шпанците беа подобри од Франција, победувајќи по подобро изведување пенали, а Грција по продолженија ја совлада Англија со 2:1.

- Реклама -