Кули од карти

картиБрајан Берг тврди дека тој е најдобар во светот во правење кули од карти. Тој има изградено неколку едноставно неверојатни градби од карти. Берг ја направил својата прва кула од карти кога имал осум години, сега тој е носител на светски рекорд за изградена кула од карти висока речиси 8 метри, составена од неверојатни 55.120 карти.

картиТриесет и седум годишникот со карти го создал Замокот на Пепелашка, Њујорк и мнпгу други светски познати градби. „Картите се мојата форма на архитектура“ вели тој. „Поголемиот дел од времето моит градби не паѓаат. Поради структуралната геометрија и тежината на картите, тие се многу силни и стабилни.“ Тој во минативе речиси 30 години ги усовршил своите техники. Неговото образование како професионален архитект од Харвард му овозможило да го скрши сопствениот рекорд десетина пати во неговата кариера.
картиСо неговата најголема креација – репродукција со карти на венецискиот Macau Resort-Hotel – тој го скрши неговиот рекорд користејќи рекордни 4000 шпила карти или неверојатни 219.000 индивидуални карти. За завршувањето на оваа градба му биле потребни 44 дена. „Користам многу техники за градење со стандардни комерцијално достапни карти за играње“ објаснува тој. Никогаш не редам карти случајно, сегоаш се придржувам до одредени техники за одредена визуелна и структурна цел.“
карти„Сите карти се поставени под агол од 90 степени на начин кој ќе спречи една карта да турне друга или виткање под голема тежина. Важно е да се спомне дека сите мои градби се самоносечки. Нема никакво потпирање или лепење на карти.“ Но Брајан ја прифаќа привремената природа на неговите спектакуларни куќи од карти. „Уживам да ги рушам градбите бидејќи сметам дека рушењето на секој проект е дел од креативниот процес“ додал тој.

- Реклама -