Домашнен третман против целулит

Податоците велат дека околу 80 до 90% од жените страдаат од целулит. Целулитот особено оној кој се наоѓа на задникот, колковите и бутовите знае да биде грозен и фрустрирачки за секоја жена. На пазарот постојат многу анти-целулитни препарати кои успешно се борат против кожата но најчесто се скапи и најголемиот дел од нив се состојат од есенцијални масла од разни тревки.

Денес постојат најразлични третмани и производи кои ветуваат рамна и мазна кожа. Некои даваат добри резултати, а други се само маркетиншки трик. Сепак, за да ја проверите нивната ефективност, потребно е да направите поголема инвестиција.

Доколку не сте во можност да одвоите поголеми финансиски средства за измазнување на кожата, тогаш обидете се со домашни третмани кои се еднакво ефективни против целулитот како и најскапите третмани кои ви стојат на располагање.

Воопшто не е тешко да ги користите следниве состојки против целулит кои се многу поефикасни од купечките препарати.

Пилинг со кафе

Кафето може да ви помогне да се ослободите од целулитот. Кофеинот кој го има во кафето е активна состојка на многу креми против целулит. Наједноставен начин да ја искористите моќта на кофеинот од кафето е да го употребите талогот.

Соберете околу половина шолја талог од кафе и одете под туш. Најдобро е да се туширате со топла вода затоа што таа ќе му помогне на кофеинот да продре подлабоко во кожата.

Земете во раката талог од кафе и со помош на кружни движења масирајте ги засегнатите области (задникот, колковите , бутовите).

Масирајте се неколку минути, а потоа измијте го талогот.

Најдобар ефект се постигнува ако го измиете талогот со ладна вода. Ладната вода ги стегнува порите и ја прави кожата позатегната.

Мумио крема

Состојки:

  • 100 ml детска крема
  • 5-6 таблети Мумио
  • 20 капки етерично масло од портокал
  • 3-5 капки етерично масло од цимет

Во тегличка од 200ml ставете 100 грама детска крема. Додајте 5-6 таблети Мумио таблети иситнети како прав и промешајте. Таблетите Мумио чувајте ги во фрижидер за полесно да можете да ги иситните.

Додајте 20 капки етерично масло од портокал и не повеќе од 5 капки масло од цимет.

Сите состојки промешајте ги, затворете ја тегличката и оставете ја да отстои 12 часа. Потоа измешајте ја повторно.

За постигнување најдобри резултати потребно е кремата да ја нанесувате секојдневно на проблематичните делови со силни движења.

Рокот на употреба на оваа крема е 3 недели. Потоа треба да направите нова.

Откако ќе ја нанесете почекајте да се впие пред да облечете нешто. Најпрепорачливо е да се нанесува веднаш по туширањето.

Покрај користењето на оваа крема, барем 2 пати неделно пожелно е да ставате антицелулитни облоги од кафе и да внесувајте доволно течности.

Облоги од оцет

Состојки:

  • Лосион за тело
  • Јаболков оцет

Помешајте една половина чаша лосион за тело со две лажици јаболков оцет. Мешајте се додека состојките не се соединат.

Намокрете крпа со ладна вода, исцедете ја убаво, а потоа ставете ја неколку минути на делот од телото. Потоа обвиткате ја крпата со фолијата. Важно е водата да е биде што по ладна за да ги отвори порите на кожата. По неколку минути нанесете ја смесата на кожата, но не ја втривајте! Обвиткајте го добро со пластична фолија делот од телото кој сте го намачкале и оставете го да отстои околу 3 до 5 часа. Трудете се за тоа време да мирувате.

Со овој метод можете да го обвиткувате кој било дел на телото на кое се појавува целулит. За поефикасни и побрзи резултати, се препорачува овој третман да го повторувате минимум 3 пати во неделата.

- Реклама -