Virgin ќе ги освојува длабочините

подморницаВо обид да ги освои сите можни средини, Сер Ричард Брансон планира пат до најдлабоката точка во Пацификот. Virgin Oceanic ќе му овозможи на Брансон и други авантуристи да го истражуваат најдлабокиот океан со специјално конструирано возило, DeepFlight Challenger, дизајнирано од Греам Хокс.

Подморницата е изградена од карбон фибер и има купола создадена од едно парче кварц која може да издржи притисок и до 1000 атмосфери. Во текот на следните две години подморницата од Virgin ќе биде употребена за достигнување на најдлабоката точка на најголемиот океан во светот.
подморницаПрвото нурнување на Virgin Oceanic ќе се упати кон најниската точка на планетава: дното на Маријанскиот Ров – 11 километри под површината на морето. Сите нурнувања ќе бидат искористени за собирање научни податоци за океанските ровови.

Второто нурнување – пилотирано лично од Брансон – ќе се упати кон Ровот Порто Рико, најдлабоката точка во Атлантскиот океан со длабочина од над 8 километри. Третото, четвртото и петтото нурнување ќе однесат човек до најдлабоките точки во Северниот, Јужниот и Индискиот Океан. [Virgin Oceanic]

- Реклама -