Зошто кога се раскинува врската се дава корпа?

Изразите од типот „удрив корпа“ или „добив корпа“ всушност потекнуваат од германскиот јазик, и тоа уште од 16-от век. Во основа, значењето е дека некој е одбиен. Се смета дека „дошле“ на Балканот во 19-от век, преку студентите кои тогаш оделе да учат во Германија.

Според германската литература, изразот потекнува од фактот дека некогаш, заљубените момци доаѓале под прозорите на саканите, а девојките им подавале корпи за да можат момците да се поткачат и да ги бакнат. Кога момците не биле добредојдени, добивале корпи со оштетено дно, низ кое пропаѓале до земјата и не можеле да го искористат за да се подигнат.

За овој интересен обичај, се говори и во една песна на Томас Мурнер (1475 – 1537 год.) – германски поет и сатиричар, во која поетот ја опишува ситуацијата кога една девојка го оставила момчето да виси во корпата под прозорот и си заминала.

„Остави го така да виси крај ѕидот
пред очите на светот и црвен од срам,
да го гледаат и млади и стари
несреќникот што го насамари жена“.

- Реклама -