Вака изгледа Попај во вистинскиот живот, а силен е и без спанаќ

Морнарот Попај има своја копија во вистинскиот живот.

Во прашање е Американецот Џеф Дејб (52). Овој човек има толку големи раце, односно дланки и подлактици, што делува нереално. Многумина, кога ги гледаат неговите фотографии, помислуваат дека се работи за „Фотошоп“.

p1

Тој е шампион во борење со раце и прекарот Попај го добил уште додека бил во средно.

p2

Обемот на неговите подлактици е неверојатни 49 сантиметри, речиси колку половината на некои манекенки. Џеф не користел средства кои што би му помогнале да го зголеми обемот на дланките, тој е природно ваков, каков што го гледате.

- Реклама -