Народни рецепти против изгореници од сонце (2 дел)

Откако неодамна ви претставивме неколку народни рецепти, кои што ги имате во кујната, видете ги ТУКА, денеска продолжуваме со нови шест, кои се докажале како успешна прва помош, за време на одморите.

Домашна маст

Измешајте 1 лажица растително масло (маслиново масло, масло), 2 лажици високомаслен јогурт и 1 жолчка од едно сурово јајце. Нанесете обилно од смесата врз изгорената кожа.

Кисело  млеко

Ова можеби е најпознатиот народен метод за да ја преживеете ноќта. Важно е да користите високомаслено кисело млеко, за да има добар ефект.

Алое Вера

Ова растение е познато по корисните својства за огранизмот. Тоа ни помага и кај изгорениците од сонце. За целта земете еден лист, пресечете го и намачкајте ја кожата со сок. Остави да се впие добро, а потоа измијте го телото.

Ракија

Намачкајте ги проблематичните зони со ракија (најдобро домашна). По неколку минути ќе почувствувате олеснување.

Невен

Ова растение има антиинфламаторни и заздравувачки својства, па затоа има позитивен ефект кај изгорениците од сонце. Од цветовите на невенот направете нешто како газа и ставете ја на засегнатото место.

 

- Реклама -