Мињон спаси дете: Девојчето паднало од трети кат

Мињоните ги обожаваат децата во анимираниот филм, но очигледно истото се случува и во реалноста.

Имено, едно петгодишно девојче си играло со својата омилена кадифена играчка – Мињон, и во еден момент девојчето нагло паднало од третиот кат.

Она што е среќна околност во оваа приказна е тоа што при падот тригодишното девојче ја испуштило играчката, а потоа паднало право врз неа и завршило само со скршена рака.

Информацијата за херојот – мињон, ја потврдија и полицијата и итната помош кои пристигнале на местото на несреќата.

- Реклама -