Нит без неа, нит со неа

На тропските жештини, уредите за разладување се неопходни, но можат да го загрозат здравјето ако не се користат правилно.

Иако без клима не е едноставно да се функционира, лекарите предупредуваат дека не е добро ни претераното користење, а особено е лошо да се прави голема разлика во однос на надворешната температура, која не би смеела да биде повисока од осум степени.

Освен температурниот шок во случај на нагло преминување од топлиот асфалт во климатизираната просторија, и обратно, најголема опасност по здравјето им се заканува на оние кои имаат срцеви проблеми. Тие можат да доживеат ангинозен напад, па дури и инфаркт.

„ Секоја нагла промена на температурите, кога разликата меѓу внатрешната и надворешната температура го минува 10-иот степен, предизвикува температурен шок во организмот“, вели Јелена Стојановиќ, експерт по општа медицина.

Таа објаснува дека крвните садови не се во можност толку брзо да се шират и собираат, и да воспостават нормална циркулација. Тоа предизвикува преоптовареност на срцето и сите крвни садови, па доаѓа до гушење и притисок на белите дробови, срцето и желудникот, со болки кои се шират кај рамењата, односно со прединфакторна состојба.

Ова може да се случи не само кај лицата кои имаат срцеви проблеми, туку и кај релативно здравите и млади луѓе, предупредува докторката.

Таа истакнува дека најголемиот ризик го правиме кога од климатизирани трговски центри или работни простории, каде дневно минуваме по неколку часа, нагло преминуваме на топол воздух и температура која некогаш го минува 40 степен.

Подеднакво е опасно да се седи и директно под климата, односно на место каде што студениот воздух од климата директно „удира“.

„ Тоа може да предизвика главоболки и болки во коските и зглобовите, а типичен пример се возачите на климатизирани автомобили, кои најмногу се жалат на болки во десното рамо, што е местото од каде што дува студениот воздух“, објаснува докторката.

Доолгото седење под климата може да предизвика и настинка, воспаление на грлото, синусите и ушите, а сето тоа е како последица на бактериите и вирусите кои се кријат во не исчистените уреди.

- Реклама -