Гледање на раце: Дознајте ја судбината според линиите на дланката

Многу луѓе имаат одредена доза на скептицизам кога станува збор за гледањето на рака, но никој не ја оспорува забавата во ваквите типови на предвидување на судбината.

Затоа ќе ги опфатиме четирите главни линии на дланка – линијата на срцето, на умот, на животот и на судбината, а вие можете да погледнете во вашата рака и да дојдете до одговорите.

Линија на срцето

рака1

Според гледање на раката ова е една од најважните линии. Таа ја издава емоционалната стабилност на човек, како и љубовните перспективи. Оваа линија се наоѓа во горниот дел на дланката, а различните должина и форма носат одредена симболика.

Ако вашата линија започнува околу средниот прст и завршува кај последниот , тогаш сте малку себични во љубовните односи. Желбата да го наметнувате над партнерот секој ваша збор треба да се зема како закон.

Изразената и кратка линија зборува за практичен човек кој не паѓа на романтични авантури. Преферирате ситуации кога „картите се извадени на маса“ и ја цените чесноста.

Брануваната линија ја симболизира чувствителноста. Вашето срце може лесно да биде скршено, но тоа не ви пречи да се впуштите во нови и нови врски.

Ако почнува од вториот и завршува кај малиот прст , тогаш вие се водите од чувствата, а не од разумот. Понекогаш може да сте малку несовесни, но имате големо срце.

Ако линијата на срцето е прекината, тогаш ова зборува за постоењето на краткотрајни врски.

Линија на умот

рака2

Таа ја открива емоционалната интелигенција на човекот, начинот на комуникација и жедта за знаење. Се наоѓа точно под линијата на срцето.

Ако е изразена и непрекината, тогаш вие можете да се пофалите со бистар ум и практичен поглед над животот.

За сметка на тоа, испрекинатата линија е знак за несеквенцијален ум, кој често се расејува од различни фактори.

Малите линии кои поминуваат низ неа, зборуваат за важни одлуки, со кои ќе се соочи човекот во иднина.

Од друга страна, луѓето кои можат да се пофалат со долга и длабока линија, имаат јасни цели и никогаш не губат фокус од нив.

Линија која паѓа слободно и е закривена надолу значи креативност, креативно размислување и бесмртна жед за знаење.

Линија на животот

рака3

Спротивно на општото мислење, должината на оваа линија, не значи во потполност колку години ќе живее еден човек. Тука се одразува физичкото и менталното здравје, како и големите животни промени.

Ако линијата на животот се приближува блиску до палецот ( како кај првата рака на сликата), тоа значи дека често сте уморни и имате потреба од повеќе одмор.

Нејзина целосна спротивност е разбранетата и кратка линија која зборува за многу енергија.

Ако линијата изгледа двојна , тогаш вие сте исклучително витални луѓе кои ја инфицираат околината со своето расположение.

Долгата и длабока линија сведочи за претпазливост, што се однесува до ненадејни промени.

Присуството на кругче во линијата на животот зборува за предиспозиција кон повреди.

Линија на судбината

рака4

Линијата на судбината е сместена во центарот на дланката и зборува за околностите кои се надвор од контролата на човекот, како и изборите кои тој ги прави и последиците од нив.

Прекинувањето и менувањето на насоката на линијата е симбол за многуте промени што се случуваат како последица на надворешни влијанија.

Ако линијата на судбината се приклучува кон лево (кон линијата на животот ) и е добро дефинирана, тогаш успехот ќе дојде во подоцнежна фаза од животот, по упорни напори.

Ако пак се поврзува со линијата на животот во средината , тогаш тоа значи дека често ќе заборавате на сопствените интереси за сметка на туѓите.

Длабока линија на животот зборува за силна индивидуалност и успех.

Ако започнува во почетокот на палецот и ја преминува линијата на животот, тогаш вие ќе се радувате на поддршка од семејството и пријателите.

- Реклама -