Утринска навика од 5 секунди: Започнете да го правите ова и секогаш ќе бидете фит

Не е во прашање ниту макотрпна диета, ниту пак напорни вежби.
Ако сте од оние кои тешко се одлучуваат на диета, уште потешко на вежбање, а сакате секогаш да имате витка фигура и совршени пропорции, би требало да практикувате мал ритуал од пет секунди секое утро.

Имено, научниците дошле до заклучок дека утринското мерење влијае на количината и видот на храна која што ја внесувате во текот на денот.

Станува збор за нова студија на американското списание  Journal of Obesity, која докажала дека луѓето кои секојдневно се мерат полесно ја одржуваат својата телесна тежина, во однос на лицата кои ја немаат оваа навика.

vo-kakva-ljubovna-vrska-ste-so-vashata-vaga-61827

„ Лицата кои се мерат секое утро, повеќе внимаваат што ќе јадат во текот на денот, затоа што бројката од вагата ги опоменува во текот на целиот ден“, велат експертите.

Студијата потврди и дека утринското мерење влијаело и на желбата на учесниците да започнат диета или барем да го намалат внесувањето на калории и мрсна храна.

„ Бележењето на податоци за тежибата и редовното следење на состојбата имаат моќ да ги освестат лицата и да ги поттикнат да се насочат кон правилна исхрана и вежбање.

Што е најдобро од се, откако ослабеле, испитаниците секое утро ја одржувале телесната маса и до две години и така спречувале појава на јо-јо ефект, односно враќање на килограмите.

- Реклама -