Мајкл Џексон на акустична гитара

Дечково сосема владее врз својот инструмент, па како резултат на тоа видеото кое го објави пред неколку дена собра милион прегледи на „Јутуб“.

Мигуел Ривиера направи одличен кавер на песната Beat It oд Мајкл Џексон.

„Решив да започнам со работа на овој аражман, бидејќи ми се виде како голем предизвик.  Кога ќе го заслушате хорот на оригинална песна, може да се слушне главниот риф, заедно со вокалните мелодии на Мајкл и, се разбира, тапани, бас и други инструменти. Мојата цел беше да си поиграм со сите делови заедно.

Морав да пронајдам соодветен начин да ги поврзам и да ги усогласам хармониите“, раскажува Мигуел.

Неговиот проект е повеќе од успешен и звучи одлично.

- Реклама -