Откриени броеви и букви во очите на Мона Лиза

мона лизаНеодамна истражувачите открија нова тајна во познатото ремек дело Мона Лиза на Леонардо да Винчи. Во зениците на Мона Лиза откриени се голем број ситни броеви и букви. Силвано Винчети, претседателот на италијанскиот национален комитет за културно наследство вели дака овие бројки и букви се многу ситни и не можат да се видат со голо око. Откритието е направено со помош на најновите технолошки помагала и апарати.

Истражувачите истакнуваат дека овие бројки и букви имаат најверојатно некаква врска со “Кодот на да Винчи”, за кој говори Ден Браун во својот бетселер, а потрагата по оваа откритие била иницирана од еден член на комитетот кој пронашол стара книга во антикварница посветена на симболите во очите на Мона Лиза.

– Во десното око се испишани буквите LV, кои би можеле да го означуваат неговото име Леонардо да Винчи, додека во левото око има симболи што не се јасно дефинирани. Тешко е да се забележи, но личат на буквите ЦЕ, или можеби на буквата B. Во лакот на мостот во заднината може да се види бројот 72, но тоа може да биде и буквата L и бројот 2. Воопшто не е чудно што не може добро да се види, бидејќи делото е насликано пред речиси 500 години, така што сликата не е толку јасна и остра како кога била насликана. Од прелиминарните анализи што ги спроведовме, уверени сме дека не станува збор за грешка и дека симболите биле поставени таму од уметникот – вели Силвано Винчети.
мона лизаИстражувачите се убедени дека овие минијатурни бројки и букви содржат некаква порака. Кон вистинитоста на оваа тврдење оди во прилог и фактот што големиот гениј , оваа слика ја носел постојано со себе во последните години од својот живот.

Инаку Силвано Винчети е член на групата која бара есхумација на Леонардо да Винчи кој е погребан во гробница која се наоѓа во замокот Амбои во долината на Лоара. Тие сакаат да видат дали е таму закопан и неговиот череп за да се обидат да го откријат неговиот вистински лик и да утврдат дали Мона Лиза, е всушност еден вид автопортрет на овој гениј.

- Реклама -