Малку поинаков трик против каснување од пчела (или слични инсекти)

Летото допрва зема залет, а како горештините да не се доволни, тука се и еден куп инсекти чии убоди ќе ви го направат летото уште попеколно. Меѓу најопасните се пчелите, осите и стршлените, кои несомнено ќе ги сретнете при секоја прошетка во природа. Познавачите советуваат секогаш (кога шетате во природа) да носите со себе аспирин или андол во таблета, и тоа со добра причина.

ap

Според искусните пчелари, андолот или аспиринот се најдоброто решение при каснување од пчела, оса или сличен инсект. Но не, таблетата не треба да ја испиете, како што веројатно помисливте. Наместо тоа, навлажнете ја и ставете ја на местото на каснување, каде што треба да ја држите една минута. Делувањето на таблетата ќе го спречи отокот, болката, но и непријатниот сврбеж. Оние што пробале сведочат дека на убодот ќе заборавите за многу брзо време, а една од причините е што благодарение на апчето сите траги од каснувањето ќе останат незабележливи.

- Реклама -