Помагала за пушење

помагала за пушењеПушењето полека но сигурно се здобило со голема популарност од првиот контакт на Европа со цивилизациите од Новиот Свет. И иако пушењето се нема променето многу, низ вековите се појавиле многу помагала за пушачите, еве некои од поинтересните од минатите два векови.

Држач за цигари за страствените пушачи

помагала за пушењеЗа оние пушачи на кои едноставно им треба повеќе од една цигара.

Направа за автоматско виткање на цигари

помагала за пушењеИако, многу пологично би било да се купат веќе завиткани цигари.

Апарат за далечинско пушење

помагала за пушењеПроизвод кој е едноставен за разбирање. За сите оние пушачи кои сакаат да запалат цигара пред спиење, но се плашат да не ги изгорат чаршавите.

Пепелник кој се прикачува на цигарата

помагала за пушењеЗа разлика од претходниот, овој производ изгледа многу непрактично. Тежината на пепелникот на крајот од цигарата сигурно ќе ја скрши на половина.

Цигара на стап за онеспособени пушачи

помагала за пушењеДоказ дека цигарите создаваат зависност.

Часовник-запалка

помагала за пушењеУште еден нелогичен производ.

Футрола за луле

помагала за пушењеАко мислите дека футролите за мобилни телефони се глупав производ, тогаш дефинитивно не сте го виделе овој производ.

Џебен пеплник

помагала за пушењеИзгледа интересно, но ако не внимавате или ќе си го изгорите елекот, или ќе си го наполните џебот со пепел.

Држач за цигари за нудисти

помагала за пушењеПроизвод кој не само што изгледа многу логично, туку најверојатно е практичен и неопходен за пушачите нудисти.

Цигари завиткани во водоотпорна хартија

помагала за пушењеНа прв поглед ова изгледа како интересна идеја, се додека не помислите на тоа која хемикалија била употребена за хартијата да стане водоотпорна.
- Реклама -