Дали сте подготвени за смартфони со 4К дисплеј?

Смартфоните со дисплеи Quad HD, или резолуција од 1 440 х 2 560 пиксели, се вообичаени на пазарот.

Производителите веќе погледнуваат кон следниот стандард – Ultra HD, или резолуција од 2 160 х 3 840 пиксели, која е стандард кај телевизорите.

 Кинескиот производител ZTE очигледно ќе биде првата компанија која ќе претстави смартфон со слична резолуција. Според GizmoChina, ZTE ќе го претстави моделот Star 3, кој ќе има екран со големина од 5,5 инчи и резолуција 2 160 x 3 840 пиксели.

Така екранот ќе содржи 808 точки по инч, што ќе биде рекордна вредност на пазарот. Во моментов производителот на дисплеи Sharp веќе располага со слични дисплеи, но не планира масовно производство до 2016 година. Постоеа гласини дека кинеската компанија BOE Technology, која е специјализирана за производство на дисплеи, ќе биде задолжена за неговото производство.

Екранот се очекува да биде TFT со специјална кристална структура, која ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергија од батеријата. Оваа структура исто така ќе влијае на поголема цврстина.

Многу често TFT-панелите се критикувани за слабото претставување при промена на аголот на гледање, во споредба со IPS-панелите. Можно е ова да е сериозен проблем кој ќе застане пред новиот смартфон. Многу од пазарните набљудувачи се скептични во однос на Ultra HD-панелите. Според нив разликата помеѓу Ulta HD и Quad HD стандардот е тешко забележлива кај телевизорите, а што останува за Smartphones. Сеуште не е јасно кога моделот Star 3 ќе се појави на пазарот, како и каква ќе биде неговата цена.

- Реклама -