Орро претстави нов смартфон со сафирен грб

Кинеските производители продолжуваат со трендот да произведуваат иновативни смартфони во обид да го подобрат имиџот и да се разликуваат од своите конкуренти.

Последниот иновативен предлог доаѓа од кинеската компанија Oppo која го држи рекордот на најтенок паметен телефон во светот и кој го поседува единствениот модел со 360-степени ротирачка, 13-мегапикселна камера.

Најновата иновација од компанијата е во правец на дизајнот на телото на нејзиниот нов модел Oppo R1x. Тој е со кристален сафир на позадината, со дијамантски одблесоци, видливи при промена на аголот на паметниот телефон.

Моделот е исклучително тенок – само 6.9 мм,со тоа што има 5-инчен дисплеј со минимални граници и со резолуција 1 280 x 720 пиксели.

Смартфонот има 16 гигабајти внатрешна меморија која може да се прошири со картичка, како и 2 GB RAM меморија.

Процесорот е осмојадрен Snapdragon 615, а оперативниот систем е постара верзија Android 4.4 KitKat.

Смартфонот овозможува и позната контрола со гестови, со тоа што се активира со двојно прислушување на екранот, а со притискање со помош на три прста се активира камерата.

Задната камера е 13-мегапикселна, а предната – 5 мегапикселна. Звучниците се поставени напред, а не позади, како на повеќето паметни телефони, што овозможува повисок квалитет на звукот.

- Реклама -