Домашен лек за масти и инфекции на увото

Следниот домашен лек е всушност поефикасен од било кој лек кој може да го купите во аптека.

Речиси сите капки за уши (за блага инфекција) содржат само изоптопил алкохол за сушење и миење на увото. Овој домашен лек вклучува триење со алкохол и бел оцет.

Белиот оцет и алкохолот ја отстрануваат ушната маст, го сушат увото, се борат со инфекциите и ја олеснуваат болката. Овој лек е сметан за поефикасен бидејќи белиот оцет има антимикробни и антибактериски својства и, исто така, е многу ефикасен против инфекциите кои бараат антибиотици.

Ако се соочувате со умерена инфекција на увото, вода во уво или насобрана маст треба да посетите доктор за соодветна дијагноза, бидејќи вашата состојба може да бара третман од лекар или посилни антибиотици препишани од доктор.

Правењето и употреба на овој домашен лек

Сè што ви е потребно е алкохол (rubbing alcohol), бел оцет и лажичка.

Многу е лесен за подготовка.

Измешајте иста количина бел оцет и алкохол.

За да го употребите овој лек, потребна ви е со лажичка да земете од мешавината, навалете ја главата на страна и истурете во увото. Држете ја вашата глава навалена 30-60 секунди, а потоа седнете исправено и оставете смесата да се излее од увото. Со цел да третирате инфекција во увото или да остраните масти или вода во увото, треба оваа постапка да ја спроведете најмалку два пати на ден.

Забелешка: Овој лек ако не покаже резултати по 3 дена, посетете лекар. Ако се соочувате со перфорирани ушни тапанчиња, не треба да го користите овој лек.

- Реклама -