Автомобилите на Google во сообраќај

Презентираните на крајот од минатата година нови автономни автомобили на Google се подготвени за искушенија во реални услови, објавија од американската интернет и софтверска корпорација. Машините ќе бидат пуштени на јавните патишта во близина на седиштето на брендот, во Калифорнија.

Тестовите ќе стартуваат во текот на летото, а со цел за поголема безбедност сите ќе бидат обезбедени со управувач и педали, како и со возач. Тој, сепак, ќе се вклучува во управувањето само при појава на проблем. Од Google се категорични дека не очекуваат какви било проблеми, бидејќи новите машини се опремени со технологија за автономно движење, која компанијата веќе ја испита на својата флота од автомобили Lexus RX450h. Тие поминале над еден милион километри на јавни патишта.

Порано од Google соопштија дека за последните шест години автономните автомобили учествувале во 11 сообраќајни несреќи. Сите тие сепак биле предизвикани од други учесници во сообраќајот.

- Реклама -