33 интересни факти за човечкото тело

човечко телоЧовечкото тело е чудо на природата. Навидум слабо и ранливо, но сепак многу издржливо и приспособливо. Знаењето за телото кај повеќето од нас е ограничено на она што сме го научиле на часовите по биологија. Еве неколку факти за телото кои ќе го прошират вашето знаење.

Човечкото тело е чудо на природата. Навидум слабо и ранливо, но сепак многу издржливо и приспособливо. Знаењето за телото кај повеќето од нас е ограничено на она што сме го научиле на часовите по биологија. Еве неколку факти за телото кои ќе го прошират вашето знаење.

човечко тело1. Како што стареете, бојата на вашите очи станува посветла.
2. Возрасниот човек има 206 коски во телото, додека децата имаат 300 (некои од коските се спојуваат за време на растењето).
3. Човечкото око трепка во просек 4200000 пати годишно.
4. Најдолговечните клетки во човековото тело се мозочните клетки, нивниот животен век е ист со вашиот.
5. Има повеќе живи организми на кожата на еден човек отколку што има луѓе на Земјата.
6. Мерилин Монро имала шест прсти на едното стапало.
7.Животниот век на мажите во Русија се има намалено во последните 40 години. Русин роден денес може да очекува просечен живот од 58 години.
8. Во 1985 најпопуларната големина на машки пантолони била 32, во 2003, 36.
9. Во 2004 година, едно од шест девојчиња во Америка влегло во пубертет на осум годишна возраст. Пред сто години ова се случувало кај едно во сто девојчиња.
10. Нов тренд во Холандија: Мали скапоцени камења имплантирани директно во окото.
11. Британски гимнастичар успеал да преживее пад од четвртиот кат, бидејќи успеал да направи салто и да слета на две нозе.
12. Џефри и Шерил МекГоуен од Хјустон се обиделе со вештачко оплодување. Две јајце клетки биле поставени во матката на Шерил и двете се поделиле. Шерил родила два пара идентични близнаци одеднаш.
13. Просечно седум годишно дете од Северна Кореја е речиси 7,5 сентиметри пониско од неговиот врсник во Јужна Кореја.
14. Забораваме 80 проценти од она што го учиме секој ден.
15. Амишите имаат исхрана која се состои од големи количини месо, млечни производи, рафиниран шеќер и калории. Сепак, прекумерната тежина е речиси непозната појава. Разликата е во тоа што бидејќи немаат телевизори, автомобили или машини, тие го поминуваат речиси цело време работејќи.
16. Течноста од младите кокосови ореви може да биде искористена за трансфузија како замена за плазма.
17. Претањето може да согори околу 350 калории дневно.
18. Носење слушалки еден час го зголемува бројот на бактерии во вашите уши за 700 пати.
19. Бебињата се раѓаат без чашки на колената. Тие се развиваат на возраст помеѓу 2 и 6 години.
20. Во неодамнешна студија, Американците рекле дека банана е нивниот омилен мирис.
21. Докажано е дека редовното миење на забите помага во спречување на срцеви болести.
22. Мажите можат да читаат помал фонт од жените; жените имаат подобар слух.
23. Вашите уши и носот никогаш не престануваат да растат.
24. Мажите икаат почесто од жените.
25. Човечките заби имаат цврстина речиси еднаква на камен.
26. Секој пат кога лизнувате поштенска марка согорувате една десеттина од една калорија.
човечко тело27. Просечниот човек има над 1460 сонови годишно.
28. Вашето срце чука над 100000 пати во денот.
29 Вашите ребра мрдаат околу 5 милиони пати годишно… Со секој здив.
30. Една четвртина од коските во вашето тело се наоѓаат во стапалата.
31. Исто како и оние од прстите, отпечатокот од јазикот е уникатен кај секој човек.
32. Ноктите на рацете растат речиси четири пати побрзо од оние на нозете.
33. Просечниот човек се смее 15 пати дневно.

- Реклама -