10 неверојатни факти за Сахара

СахараСахара е најголемата жешка пустина на Земјата. Се наоѓа во Северна Африка и се протега во 11 различни држави, на површина од преку 9 милиони квадратни километри. Пустината го дели африканскиот континент на два дела: Северна Африка и Субсахарска Африка.

Сахара е најголемата жешка пустина на Земјата. Се наоѓа во Северна Африка и се протега во 11 различни држави, на површина од преку 9 милиони квадратни километри. Пустината го дели африканскиот континент на два дела: Северна Африка и Субсахарска Африка.

Сахара1. Сахара е втората најголема пустина во светот и најголемата жешка пустина. Најголемата пустина е студениот Антарктик.

2. Сахара е протега во 11 држави: Алжир, Чад, Египет, Либија, Мароко, Мавританија, Мали, Нигер, Судан, Тунис и Западна Сахара.

3. Во географска смисла, се работи за карпеста пустина со различни надморски височини. Под неа течат подземни реки кои на места избиваат на површината, со што се добиваат оази.

4. Има неколку песочни дини во пустината што достигнуваат височина и до 180 метри.

5. Централниот регион од Сахара е повисок од останатите делови, со врвови како што се Еми Кусу и Тахат. Можеби звучи чудно, но врвовите, во зима, се покриени со снег.

6. Дневните температури во пустината се искачуваат преку 40 степени (неретко и преку 50), додека ноќните паѓаат далеку под нулата.

7. Во Сахара паѓаат само 20 см дожд на метар квадратен годишно, на што се должи и малата населеност на регионот – едвај 2 милиона луѓе.

8. Во минатото, Сахара била плодно подрачје, со бујни флора и фауна. Со текот на времето, поради многу фактори, станувала сѐ посува и посува…

9. Во најголем дел од Сахара се говори арапскиот јазик, од Атлантскиот Океан, па сѐ до Црвеното Море.

10. Во Сахара владее една од најсуровите клими во светот. Северо-источните ветришта често го подигнуваат песокот и создаваат страшни песочни бури и вртлози.

- Реклама -