Реклама што ја отвара темата за машкоста

„Силен е оној човек кому му е грижа“.

Кој го поддржува семејството – децата и сопругата. Тоа е фактичката димензија на машкоста, не мускулите, доволни да се турка возилото на пријателот или да се напредува во спортовите.

Ова е пораката во новата рекламна кампања на козметичката марка Dove во Австралија. Со неа таа повторно се обложува на реклама во која создава прилика за дебата за улогата на современите мажи и жени и претставата за еднаквост, која ја имаме.

Автор на кампањата е фирмата The Marketing Arm USA, посочува сајтот DesignTaxi. Идејата е испровоцирана од истражувања кои покажуваат како мажите во Австралија ја одредуваат машкоста. Има транзиција во нивните разбирања – да си маж не се асоцира веќе толку со идејата за власт, просперитет и физичка сила, колку со желбата да покажуваш дека ти е грижа и се интересираш за најблиските.

Погледнете го видеото.

Текстовите од категоријата Адвертајзинг се поддржани од Via Marketing.

- Реклама -