Машката брада крие фекални бактерии како да е тоалет

Трендот на машката брада е во полн ек, но истрагата на микробиолозите покажува дека некои бради се понечисти и од тоалет.

Микробиологот Џон Голобиц, од Quest Diagnostics во Ново Мексико, земал примероци од неколку машки бради и анализирал какви бактерии содржат.

„Обично не се изненадувам, ама се изненадив од овие резултати“, вели тој.

Неколку од брадите содржеле вообичаени бактерии, но некои од нив содржеле толку многу честици на измет, што можеле да се споредат со тоалет. Кога на пример, би имало такви примероци во системот за вода за пиење, експертите велат дека водоводот би морал да биде запрен за да биде дезинфициран.

„Овие бактерии се нешто што би го нашле во фекалните материи“, вели Голобиц.

Но, не е сé толку страшно колку што звучи. Овие „бактерии од измет“ ги има речиси насекаде, на мобилните телефони, на четката за заби, па дури и во осветената вода што се користи во црквите. Најдените колични во машката брада не се доволно големи за да предизвикаат болест, иако степенот на нечистотија е висок.

Голобиц препорачува многу често миење на рацете, но и темелно триење на брадата кога го миете лицето. Но пред сé, чувајте ги рацете подалеку од лицето, колку што е можно повеќе.

- Реклама -