Eдна неочекувано поинаква перспектива: Мојот сопруг секогаш ќе ми биде пред децата

Ова признание на една мајка предизвика бран од коментари и дебати во мрежата. И како и обично, луѓето се поделија на две страни.

Бидејќи нејзините верувања се во спротивност со популарното верување дека за една мајка детето секогаш е на прво место во нејзиниот живот. За разлика од нив, тука во центарот се наоѓа нејзиниот сопруг.

За да ви отвориме дебата, во целост го објавуваме нејзиното писмо.

„Помалку од месец пред нашата венчавка, уште пред да успеам да испратам покани за свадба, јас веќе го држев во рацете позитивниот тест за бременост.

По осум и пол месеци, додека се уште се навикнував на новите улоги на сопруг и сопруга, ние веќе станавме родители. Не сакам да кажам дека не бевме подготвени за тоа, напротив – со нетрпение го очекувавме растот на нашето ново семејство, но морам да напоменам дека да станеш мајка во истата година, во која си станала и сопруга – не е толку едноставно.

Првата година по раѓањето на нашиот син беше најтешка за нашиот брак, а тоа исто така беше и годината во која научив многу важна лекција: Мојот маж мора да биде секогаш пред децата. Не ме сфаќајте погрешно. Јас многу ги сакам моите деца и за нив сум подготвена на сè, но својот сопруг го сакам повеќе.

Кога го делам ова мислење со моите пријатели, тие се шокирани и обично се судирам со нивното незадоволство и комплетно неразбирање. Бидејќи ова е во спротивност со златното правило на мајчинството: Да си добар родител значи да жртвуваш сè поради благосостојбата и среќата на децата.

Да ги елиминираш сопствените потреби заради потребите на децата. Извинете, но јас едноставно не го прифаќам ова.

Знам дека многу луѓе го пронаоѓаат концептот во кој децата се на второ место, за смешен. Нема сомневање дека врската меѓу мајката и децата е исклучително силна, но јас сметам дека односите со мојот сопруг се важни за целото семејство. Ставањето на овој приоритет ја намалува веројатноста од развод и соодветно ги зголемува шансите децата да растат во нормално и целосно семејство.

Покрај тоа, јас сум цврсто убедена дека изградбата на здрави и убави односи меѓу нас станува основа и за нашите деца и им покажува како да ги градат своите семејни односи, кога ќе пораснат. Ние со мојот сопруг за нив сме првиот пример за среќен брак. Набљудувајќи не, децата учат како треба да се однесуваат со своите идни партнери и што да очекуваат од него.

Мислам дека исклучително важен фактор во растењето на децата е тие да растат во дом, во кој родителите се сакаат и ценат еден со друг. И да го гледаат тоа. Тоа значи за мене да го ставам мажот пред се.

Со некои исклучоци, ние никогаш не сме ги земале децата во нашиот кревет. Кога сме имале можност да се одмораме само двајцата, секогаш сме ја користеле. И јас не чувствувам вина, што понекогаш сме сакале да бидеме само ние двајцата, да излеземе некаде и да зборуваме за нешто друго освен за децата.

По неколку години, кога двете деца ќе го напуштат нашиот дом и ќе тргнат по својот пат, јас би сакала да  прославам една добро завршена работа заедно со мојот омилен, а не да останам во еден пуст дом со човек со кој низ годините постепено сме се оддалечувале и сме се претвориле во странци. “

Автор: А.Д.

- Реклама -