Најсмртоносните планински врвови

планински врвовиПланините се меѓу најубавите нешта на Земјата. Но, секогаш има луѓе кои не се задоволуваат само со гледање, туку сакаат и одблиску да го искусат планинскиот врв. Секоја убавина крие и некаква опасност, па така и овие врвови.


Планините се меѓу најубавите нешта на Земјата. Но, секогаш има луѓе кои не се задоволуваат само со гледање, туку сакаат и одблиску да го искусат планинскиот врв. Секоја убавина крие и некаква опасност, па така и овие врвови.

К2
планински врвови

Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу Пакистан и Кина и со надморска височина од 8611 метри е втор највисок врв по Монт Еверест. Алпинистите го имаат наречено К2 „Дивата планина“, бидејќи иако не е највисок, тој е најверојатно најопасниот врв на Земјата. Заклучно со јули 2010, само 302 алпинисти успеале да се искачат на овој врв, што е малку, споредено со над 2700 кои го освоиле Еверест. Најмалку 77 луѓе го загубиле животот на К2, од кои 13 само во 1986 година. Телата на овие алпинисти никогаш не биле пронајдени.

Нанга Парбат
планински врвови

Планината Нанга Парбат во Пакистан е висока 8125 метри. Името на оваа планина значи „Гола планина“, и и е дадено поради тоа што на големите карпести страни нема речиси никаква вегетација. Кај алпинистите, овој врв има репутација на убиец. Од 261 човек што се искачиле на врвот, само 200 успеале да се вратат. Еден од посреќните е Словенецот Томаж Хумар, кој бил заглавен 6 дена на височина од 5900 метри, пред да биде спасен од хеликоптер на пакистанската војска.

Монт Еверест
планински врвови

Монт Еверест, познат како врвот на светот, се наоѓа во Непал. Покрај тоа што е највисоката точка на Земјата, Монт Еверест се наоѓа високо на листата и како еден од најопасните врвови. Од 1953 година кога Сер Едмунд Хилари прв стапна на врвот, до 2009, Еверест има одземено 216 животи, меѓу кои е и првиот Македонец кој се искачил на врвот, Димитар Илиевски – Мурато.

- Реклама -