Крадец на паричници ги открива своите „трикови“ во видео

Аполо Робинс е познат џебџија, но за разлика од професионалните илузионистите да речеме, тој е подготвен да ги открие тајните на занаетот, пишува New Yorker.

Робинс се манифестира како консултант на прашања на безбедноста и се дефинира како „крадец господин“.

Тој ги проучува чудните аспекти на човековото однесување, додека ви го краде часовникот. Робинс ја тестираше публиката на TEDGlobal 2013, демонстрирајќи како недостатоците на нашата перцепција овозможуваат да украдете паричник и да го ставите на рамото на сопственикот кој и понатаму нема поим што се случува.

Погледнете го овој видео клип и извлечете поука во однос на тоа како да се чувате од луѓето како Аполо и кои се нивните методи.

- Реклама -