Децата се во право – Не е добро да имат премногу домашни задачи!

Резултатите од неодамна спроведеното истражување во Шпанија покажаа дека децата не реагираат без причина, навистина не е добро да имаат премногу домашни задачи. Решавањето на домашните задачи не би требало да трае подолго од еден час, затоа што потоа исчезнуваат позитивните ефекти од работата дома.

За постигнување подобри резултати кај тинејџерите, важно е наставниците да не ги оптоваруваат дома, но само да им даваат редовни задачи дома, но и во разумна мера.

Резултатите од истражувањето покажаа дека децата во просек поминуваат меѓу еден и два часа решавајќи домашни задачи, што значи дека се преоптоварени.

– Резултатите кои ги добивме укажуваат дека не е неопходно на децата да им се даваат обемни домашни задачи. Многу подобри резултатите децата постигнуваат ако редовно имаат помалку домашна задача, затоа што на тој начин се постигнува самостојност во учењето и развивање на работните навики, тврди др. Хавијер Суарез-Алварез кој го водеше истражувањето.

– Разумна мера е оној обем на задачи, кое детето може да ги реши за еден час или помалку, додаде тој.

Со студијата биле опфатени 7.725 девојчиња и момчиња на просечна возраст од 14 години од приватните и државните училишта низ Шпанија.

- Реклама -