Во што се бањаат девојките на милионерите?

Дени Ламбо, сопственик на ланец од луксузни хотели, вели дека сака да го троши своето богатство и во тоа да ужива. Тоа го покажува и фактот што на својата девојка и купи велигденска купка од чоколадо во вредност од 10.000 фунти!

„Ламбо“ е мултимилионер, а има само 30 години. Вистинското презиме му е Карне, но вели дека сите го знаат како „Ламбо“ заради… погодувате? …Неговата страст кон Ламборџини. Можеби насетувате, ама Ламбо сака да се фали. Така, тој ќе ви каже дека во трошењето нема ништо чудно и дека има дом полн со антиквитети. Дел од нив се и четирите луксузни кревети, од кои за еден се тврди дека му припаѓал на Наполеон.

И покрај неговиот луксузен начин на живот, Дени тврди дека ги цени парите, затоа што имал нормално детство и не пораснал во богата фамилија.

„Нема да го кријам своето богатство, не знам зошто би го криел. Напорно работев за сé што имам. Не сум роден со сребрена лажица, зошто би штедел? Станав милионер на 22, а јас сум човек што кога има пари – троши. По смртта ќе оставам од она што ми останало во добротворни цели, на пријателите и семејството, но додека сум тука, ќе трошам“.

Карне го напуштил училиштето на 16 години, делумно заради случајната средба со еден јапонски музички продуцент. Кога излегол од музичката индустрија, на 21 година, единствено што знаел е да отвори хотел. Потоа следувале уште хотели, а вложувал и во недвижнини, кои сега го сочинуваат најголемиот дел од неговото богатство.

Тој смета дека живеел живот за кој најголемиот дел од луѓето на 20 години можат само да сонуваат – посебно во сферата на брзи автомобили и убави жени.

Како и да е, назад на подарокот. Вели дека го купил со цел да ја израдува својата „кралица“ – Наташа, која сега се бања во чисто чоколадно млеко. Секое дополнување на кадата со нови 1.3 милиони калории растопена чоколада чини 1000 фунти.

Баш во духот на Велигден, не?

- Реклама -