Денешната „трева“ е многу појака од онаа во 80-тите

Многумина, меѓу кои и Луис Си-Кеј, се жалат дека денес „тревата“ има многу посилно дејство отколку порано, во нивно време. Многумина од другите пак, ги сметаат нивните обвинувања за несериозни, пред се затоа што истите доаѓаат од устите на „остарени хипици“. А сепак, каде што има „дим“, има и оган.

Научнички тим од Колорадо, каде што неодамна ја легализираа марихуаната, анализираше 600 примероци од денешната марихуана и ги спореди со резултатите од слични истражувања во 80-тите. Научниците, чија работа е да ги тестира примероците пред да бидат пуштени во продажба низ продавниците во Колорадо, и самите признаваат дека се изненадени од тоа колку силно дејство има денешниот „сканк“.

Според нивните заклучоци, „тревата“ денес е 3 пати појака од онаа во последните три децении. Некои од примероците содржеле и до 30% THC (активната состојка во марихуаната што ве прави „хај“), споредбено со максималните 10% THC во марихуаната што се употребувала во 80-тите. Денешниот просек се движи некаде околу 18% THC во составот.

- Реклама -