Спреј кој и најтврдокорните мачо мажи ги претворa во емотивци

couple_in_loveНаучниците дојдоа до изум кој секоја жена би го посакала – спреј кој ја буди нежната страна кај мажите. Имено, тие тврдат дека таквиот спреј и најтврдокорните мачо мажи може да ги претвори во емотивни романтични души, секогаш спремни да ги кажат вистинските зборови и да изразат љубов.


couple_in_love_by_love242Научниците дојдоа до изум кој секоја жена би го посакала – спреј кој ја буди нежната страна кај мажите. Имено, тие тврдат дека таквиот спреј и најтврдокорните мачо мажи може да ги претвори во емотивни романтични души, секогаш спремни да ги кажат вистинските зборови и да изразат љубов.

Истражувачите наведуваат дека спрејот го користи хормонот окситоцин, кој понекогаш се нарекува „нежна хемикалија“ бидејќи предизвикува нежни емоции кај луѓето. Во експериментот 24 мажи инхалирале од спрејот додека другите 24 испитаници од машки пол примиле плацебо. После тоа им биле покажувани емотивни фотографии на деца кои плачат, девојчиња кои гушкаат мачки итн. Од волонтерите потоа се барало да го опишат новото на емпатија што ја чувствуваат кон субјектите на сликите.

Групата која го инхалирала окситоцинот покажала значително поголемо ниво на емпатија од онаа која примила плацебо, објаснуваат научниците кои учествуваа во истражувањето. Тие додаваат дека мажите достигнале ниво на сензитивност која обично е својствена за женскиот пол.

Во друг експеримент, учесниците одговарале на едноставни прашања на компјутер. На точните одговори добивале насмеано, а на неточните – тажно лице. Др. Кејт Кендрик од Институтот Бабрахам тврди дека волонтерите кои го инхалирале спрејот постигнале подобри резултати бидејќи реагирале на насмеаните лица многу поинтензивно. Според научниците, ова е прв ваков експеримент кој покажува дека окситоцинот може да делува на стимулирање на емоциите. Тие наведуваат дека овој хормон може да се покаже како корисен лек во третманот против жизофренијата, која често се поврзува со неможноста за поврзување со другите и социјализирање. [Forget Viagra, scientists develop what women REALLY want … a spray to make their men cuddle more]

- Реклама -