Вака изгледа еден дрон од иднината

Најголемиот проблем на современите дронови е опасноста да бидат скршени. Можете да го однесете секој дрон до местата каде што имате видливост или до местата каде имате јасна слика од камерата.

Постојат места каде дроновете не можат да летаат, бидејќи има премногу објекти, просторот е мал или нема доволно видливост. GimBall е решението за овој проблем, а во исто време ни дава и идеја за визијата и начинот на работа, кои ќе ги имаат дроновите од иднината.

GimBall општо земено е како секој дрон и ги прави истите работи. Разликата е во тоа што тој има заштита во форма на скелет, кој му овозможува да лета, но во исто време да не удира во главните компоненти од конструкцијата во околните објекти. Огнената платформа му ја дава можноста на дронот да се тркала по ѕидовите или едноставно да турка сè околу себе и не го нарушува балансот на камерата.

Од видеото станува јасно дека креаторите го направиле концептот, базирајки се на инсектите. Знаете колку се досадни мувите, кога ќе влезат во собата. Почнуваат да зујат и да се фрлаат во прозорецот, но сепак не паѓаат, туку продолжуваат да летаат. Тоа е и идејата и тука, на тој начин секој дрон ќе може да достигне до места кои во денешно време се незамисливи. Ова ни овозможува да ги користиме овие гаџети во многу повеќе сфери и можеби ќе ни помогнат да спасуваме животи, а не само да си играме и да ја злоупотребиме нивната намена.

- Реклама -