Home УмниБус Разно... Откриен нов вид гигантски пајак

Откриен нов вид гигантски пајак

0

Cerbalus_AravensisНаучниците открија сосем нов вид џиновски пајак на Блискиот Исток, кој се крие под пустинскиот песок на израелско-јорданската граница.

Научниците открија сосем нов вид џиновски пајак на Блискиот Исток, кој се крие под пустинскиот песок на израелско-јорданската граница.

60285728

Должината на неговите нозе изнесува дури 15 сантиметри, а наречен е Cerbalus Aravensis и претставува најголем вид на пајак на Блискиот Исток. „Вистинска реткост е да се најде нов вид на пајак, барем во овој дел од светот и уште да е толку голем.“, рече биологот Ури Шамас, од универзитетот Haifa-Oranim во Израел, кој и го откри новиот вид, пишува Wired.

60285729

Многу нешта претставуваат мистерија кај овој огромен пајак, но научниците забележале дека тој воглавно се движи ноќе, заради екстремно големите горештини во текот на денот. Cerbalus живее во подземно засолниште, чиј влез има камуфлирана врата, која се отвора кон горе, а пајакот е многу трпелив ловец, кој може исклучително долго време камуфлиран и неподвижен да чека да се приближи пленот, било тоа да е скакулец или гуштер.

Сепак, Шанас тврди дека новооткриениот вид е во голема опасност, бидејќи неодамна израелската влада одобри рударски проект во наведениот регион, кој би можел овој вид да го збрише од лицето на земјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here