За убава кожа на лицето, мачкајте се со урина

Најновиот продукт за убавина е тотално бесплатен и лесно достапен. Ако се осмелите.

Пиењето (урофагија) и нанесувањето на урина на кожата во полза на убавината е тренд во зачеток, но воопшто не е нова идеја. Римјаните користеле урина за избелување на забите (вкусно, нели?), во Хинду ритуалите била користена како лек, а уринските бањи биле супер-популарни во 18-от век во Франција.

Неодамна, Марта Кристи – пишувач на медицински истражувања и консултант за природно здравје, ја објави својата книга насловена „Your Оwn Perfect Medicine“, во која ги наведува сите добробити на урината.

Па така, ако ја пиете, Кристи препорачува по еден филџан од вашата „незагадена“ утринска урина, на ден. Ако не сте баш фан на пиењето урина, можете да ја намачкате на кожата. Според Кристи, малку урина на брунките, мозолките и дамките на кожата може да направи чуда.

За The Telegraph, новинарката Ребека Реид зборуваше со неколку пријателки кои се „крстат“ во нанесувањето на урина на лицето. „Многу е добра за да се изборите со мозолките. Ставете малку на парче памук и притиснете врз местото. Ја суши за кратко време. Делува подобро од Sudocrem, или Aspirin“.

Звучи примамливо?

- Реклама -