Знаете ли кој е најголемиот машки комплекс?

Иако жените се во предност кога станува збор за несигурноста во својот изглед и комплексите, ниту мажите не се многу далеку од нив.

Имено, додека припадничките на понежниот пол лажат за своите килограми, момците тоа го прават за нивните центиметри, но не за оние поврзани со нивната машкост, туку оние за висината.

Истражувањата покажале Како таканаречениот „Наполеонов комплекс“, е еден од најчестите проблеми со кои некои мажи се борат цел живот.

Овој проблем значително влијае на нивната самодоверба, која е често на удар уште од најрана возраст. Момчињата кои биле поситни уште во основното училиште, често биле мета на оние поголеми и покрупни соученици, а судејќи според многу истражувања, високите луѓе полесно пронаоѓаат работа, па ваквата приказна ги следи целиот живот.

за разлика од жените кои со овој проблем можат да се справат со помош на високи потпетици, мажите немаат модни помагала со кои можат да се подлужат.

Но без оглед на овој комплекс, постои огромен број на ниски мажи за кои висината не претставува никаква препрека: Дени ДеВито, Ал Пачино, Дастин Хофман, Марк Антони, Илајџа Вуд итн.

- Реклама -